МАКРОН НАЈАВИ ГОЛЕМА ОБНОВА НА ЛУВР, „МОНА ЛИЗА“ ЌЕ ДОБИЕ ПОСЕБНА СОБА

    МАКРОН НАЈАВИ ГОЛЕМА ОБНОВА НА ЛУВР, „МОНА ЛИЗА“ ЌЕ ДОБИЕ ПОСЕБНА СОБАМакрон кажа дека новиот Лувр ќе може да прими 12 милиони посетители годишно (Фото: Гети)

    Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека музејот Лувр ќе биде редизајниран, обновен и зголемен, со цел, како што кажа, да стане „епицентарот на историјата на уметноста за Франција и целиот свет“.

    Планот наречен „Нова ренесанса“ предвидува преселба на „Мона Лиза“ во посебна соба и креирање нов влез до 2031 година.

    Тоа ќе го урамнотежи начинот на посета на музејот и повторно ќе им го врати на парижаните. Новиот Лувр ќе може да прими 12 милиони посетители годишно, наспроти сегашните речиси девет милиони“, изјави Макрон.

    Тој ѝ наложи на министерката за култура Рашида Дати да подготви нови, повисоки цени на влезници за посетителите кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ, што би стапило на сила во 2026 година.

    Макрон ги најави промените неколку дена откако директорката на Лувр, Лоранс де Кар, се пожали дека посетите на музејот станале физичко искушение бидејќи толпите туристи, протекувањето и неквалитетната услуга го нарушуваат работењето на најпосетуваниот музеј во светот. Иако дизајниран да прима четири милиони туристи годишно, лани оваа бројка била повеќе од двојно поголема – 8,7 милиони, од кои 70% биле странци.

    Посетата на Лувр сега е физичко искушение. Треба време за да се пристапи до уметничките дела и тоа не е секогаш лесно. Посетителите немаат простор за одмор. Опциите за храна и тоалети се недоволни по обем и под меѓународните стандарди“, рече таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира