МАКРОН ВЕЛИ ДЕКА НЕ ПРИФАЌА ВЛАДА ПРЕДВОДЕНА ОД ЛЕВИЦАТА

    МАКРОН ВЕЛИ ДЕКА НЕ ПРИФАЌА ВЛАДА ПРЕДВОДЕНА ОД ЛЕВИЦАТАМакрон смета дека левицата не може да го помине гласањето за доверба во парламентот (Фото: АФП)

    Емануел Макрон изјави дека нема да прифати влада предводена од левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП), иако таа освои најмногу мандати на последните парламентарни избори во Франција. Тој кажа дека на Франција ѝ треба институционална стабилност, а левицата не може да го помине гласањето за доверба во парламентот.

    НФП, која ја предложи малку познатата јавна службеничка Луси Кастет за нов премиер, повика на улични протести и на отповикување на францускиот претседател. Кастет не е пратеничка и мали се шансите дека Макрон би ја избрал за премиер.

    Мојата одговорност е државата да не биде блокирана, ниту ослабната“, кажа Макрон.

    Макрон, чии центристи беа поразени на изборите во јули, најави дека денеска ќе почне нови консултации со партиските лидери и ја повика левицата да соработува со останатите политички сили.

    Ниедна партија и коалиција не успеа да освои мнозинство на изборите, на кои изненадувачки победи НФП (190 пратеници), пред Заедно на Макрон (160) и крајнодесничарската партија Национален собир (140). Оттогаш, земјата ја води привремен премиер, откако Макрон на оваа функција го задржа Габриел Атал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира