МАЛ АВИОН ПАДНА СРЕДЕ АВТОПАТ ВО ИТАЛИЈА, ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ

    МАЛ АВИОН ПАДНА СРЕДЕ АВТОПАТ ВО ИТАЛИЈА, ДВАЈЦА ЗАГИНАТИЗагинати се пилотот и еден патник во авионот, кој се запали по ударот во асфалтот. (Фото: принтскрин од безбедносни камери)

    Две лица загинаа откако ултралесен авион се урна вчера, околу 12:20 часот, на автопатот А21 меѓу Флеро и Аѕано Мела, во провинцијата Бреша, Италија.

    На местото на несреќата веднаш пристигнале службите за итна помош, вклучувајќи хеликоптер, медицинско возило и амбуланта, а присутни биле и противпожарната бригада од Бреша и карабинерите за да ги извршат потребните истражни дејствија.

    Леталото се запали по ударот во земјата, а во несреќата биле инволвирани и двајца возачи кои со своите возила поминале низ пламенот. Едниот возач, 56-годишен маж, бил пренесен во болницата во Бреша, но не е повреден. Другиот, на 49-годишна возраст, добил помош на лице место, но не бил хоспитализиран.

    Јавното обвинителство во Бреша ќе ги истражува околностите на несреќата, при што не се исклучува можноста пилотот да се обидел принудно да слета на автопатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира