МАРДОК ПРИЗНА ДЕКА НЕКОИ ВОДИТЕЛИ НА „ФОКС ЊУЗ“ ГИ ПОДДРЖАЛЕ ЛАЖНИТЕ ТВРДЕЊА НА ТРАМП ЗА ИЗБОРНА ИЗМАМА

    МАРДОК ПРИЗНА ДЕКА НЕКОИ ВОДИТЕЛИ НА „ФОКС ЊУЗ“ ГИ ПОДДРЖАЛЕ ЛАЖНИТЕ ТВРДЕЊА НА ТРАМП ЗА ИЗБОРНА ИЗМАМА„Фокс њуз“ на Руперт Мардок се соочува со тужба за клевета од 1,6 милијарди долари (Фото: АП)

    Милијардерот Руперт Мардок призна дека неколкумина водители од неговата ТВ-мрежа „Фокс њуз“ ги поддржале лажните тврдења дека претседателските избори во САД во 2020 биле украдени. Сепак, тој негираше дека целата телевизија ги прифатила неоснованите тврдења на Доналд Трамп по неговиот изборен пораз.

    Мардок ја дал оваа изјава во рамките на тужбата за клевета, поднесена од технолошката компанија „Доминион воутинг систем“, која од „Фокс њуз“ бара отштета од 1,6 милијарди долари. „Фокс“ ги негираше обвинувањата и вели дека зборовите на водителите биле извадени од контекст.

    „Некои коментатори ги поддржаа тврдењата. Од оваа гледна точка, би сакал да бевме посилни во нивното осудување“, рекол Мардок, додавајќи дека лично не верувал во обвинувањата на Трамп за изборна измама.

    Американските правници велат дека овој судски спор за клевета е многу значаен, зашто првпат се случува обвинетиот писмено да призна дека измислувал лажни информации за да ги зголеми своите гледаност и приходи.

    Се очекува судењето со порота да почне во април во Делавер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира