МАСК ГО ПРОДАДЕ ИКС НА ДРУГА СВОЈА ФИРМА ЗА 33 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    МАСК ГО ПРОДАДЕ ИКС НА ДРУГА СВОЈА ФИРМА ЗА 33 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИМаск ја купи тогашната платформа Твитер за 44 милијарди долари во 2022 (Фото: АП)

    Илон Маск ја продаде социјалната мрежа Икс на својата компанија за вештачка интелигенција „xAI“ за 33 милијарди долари, потврди тој. Двете фирми се во приватна сопственост, па не се обврзани да ги објават своите финансии јавно.

    Овој потег ќе отклучи огромен потенцијал со спојување на напредната способност на вештачката интелигенција и експертизата на ‘xAI‘ со огромниот дострел на Икс“, рече Маск.

    Тој додаде дека договорот ја вреднува „xAI“ на 80 милијарди долари и Икс на 33 милијарди долари.

    Маск ја купи тогашната платформа Твитер за 44 милијарди долари во 2022, по што го растури неговиот персонал. ги промени неговите политики за говор на омраза, дезинформации и проверка на корисниците и го преименуваше во Икс. Тој ја отвори „xAI“ една година подоцна.

    Нејасно е дали овој потег ќе промени нешто за корисниците на Икс, зашто „xAI“ веќе ги користи податоците од објавите на Икс за да ги обучува своите модели за вештачка интелигенција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира