МАСК ЈА НАПУШТИ БЕЛАТА КУЌА

    МАСК ЈА НАПУШТИ БЕЛАТА КУЌАБелата куќа соопшти дека Маск од синоќа веќе не е специјален владин службеник (Фото: АП)

    Илон Маск објави дека ја напушта владата на Доналд Трамп откако ги предводеше нејзините напори за намалување на администрацијата, при што беа отпуштени илјадници сојузни службеници. Во објава на Икс, Маск му се заблагодари на Трамп за можноста да го води Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ).

    Белата куќа соопшти дека Маск од синоќа веќе не е специјален владин службеник. Неговата улога беше привремена и излегувањето од владата не е неочекувано, но уследи еден ден откако Маск го критикуваше новиот закон за буџетот, за кој кажа дека ќе го зголеми дефицитот и ја поткопува работата на ДОГЕ.

    Му благодарам на претседателот Трамп за можноста да го намалам непотребното штедење. Мисијата на ДОГЕ само ќе зајакне со тек на времето зашто стана начин на живот во владата“, напиша Маск на Икс.

    Тој имаше статус на специјален владин службник, што му овозможи да врши федерална работа 130 дена годишно.

    Се проценува дека 260.000 од вкупно 2,3 милиони сојузни службеници ја изгубиле работата под притисок од ДОГЕ. Во некои случаи, судовите блокираа масовни отпуштања и враќаа на работа отпуштени службеници.

    Маск кон крајот на април најави повлекување од владата и враќање на работа во своите компании. Продажбите на „Тесла“ се намалија за 13% во првите три месеци од годината, што е најголемиот пад во историјата на компанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира