МАСК ЌЕ РАЗВИВА РИВАЛСКА ПЛАТФОРМА НА ЧЕТГПТ ЗА ДА ГО СПАСИ ЧОВЕШТВОТО

    МАСК ЌЕ РАЗВИВА РИВАЛСКА ПЛАТФОРМА НА ЧЕТГПТ ЗА ДА ГО СПАСИ ЧОВЕШТВОТОМаск вели дека TruthGPT ќе биде вештачка интелигенција во потрага по максималната вистина (Фото: Гети)

    Илон Маск објави дека ќе лансира своја сопствена платформа заснована врз вештачката интелигенција што ја нарече TruthGPT, за да ги предизвика сличните понуди од „Мајкрософт“ и „Гугл“.

    Тој ја критикуваше компанијата „ОпенАИ“, која стои зад четбот сензацијата ЧетГПТ, дека станала затворена, профитна организација тесно поврзана со „Мајкрософт“, додека за коосновачот на „Гугл“, Лери Пејџ, кажа дека не ги сфаќа сериозно безбедносните грижи околу вештачката интелигенција.

    Ќе почнам нешто што го нарекувам TruthGPT, вештачка интелигенција во потрага по максималната вистина, која ќе се обиде да ја разбере природата на универзумот. TruthGPT би можел да биде најдобриот пат до безбедноста, нешто што нема да го уништи човештвото. Почнувам подоцна од другите, но ќе се обидам да создадам трета опција“, изјави Маск.

    Минатиот месец, тој регистрирал нова фирма во Невада, наречена „X.AI Corp“, во која што е наведен како единствен директор.

    Ова следува откако Маск и група извршни директори и експерти за вештачка интелигенција повикаа да се воведе шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од ГПТ-4 на „ОпенАИ“ поради можните ризици по општеството.

    Вештачката интелигенција е поопасна од производството на лош авион или автомобил. Таа има потенцијал да ја уништи цивилизацијата“, кажа Маск неодамна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира