МАСК РАЗОЧАРАН ОД „ГОЛЕМИОТ, ПРЕКРАСЕН ЗАКОН“ НА ТРАМП, ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ ДЕФИЦИТОТ ПРОТИВ КОЈ СЕ БОРЕЛЕ

    МАСК РАЗОЧАРАН ОД „ГОЛЕМИОТ, ПРЕКРАСЕН ЗАКОН“ НА ТРАМП, ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ ДЕФИЦИТОТ ПРОТИВ КОЈ СЕ БОРЕЛЕМаск смета дека планот го поткопува она што го сработел за Трамп досега (Фото: АП)

    Илон Маск го критикуваше „големиот, прекрасен закон“ на Доналд Трамп, кој предвидува даночни олеснување од неколку трилиони долари и зголемување на трошоците за одбраната. Нацрт-законот тесно помина во Претставничкиот дом минатата недела и сега треба да биде усвоен во Сенатот.

    Најбогатиот човек на светот кажа дека е разочаран од планот, велејќи дека го поткопува она што го сработел за претседателот досега. Трамп го назначи Маск за шеф на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ), чија цел беше намалување на администрацијата и на федералното трошење. Маск неодамна најави дека ќе се повлече од оваа функција.

    „Да бидам искрен, бев разочаран кога го видов огромниот пакет за трошење. Планот на Трамп ќе го зголеми буџетскиот дефицит, место да го намали“, изјави Маск.

    Се проценува дека новиот закон ќе го зголеми дефицитот за околу 600 милијарди долари во следната фискална година.

    „Исто така, законот ја поткопува работата на тимот на ДОГЕ. Мислам дека еден закон може да биде или голем или прекрасен, не може да биде двете“, рече Маск, кој ја помогна претседателската кампања на Трамп со 250 милиони долари.

    Овој закон долго време е политички приоритет на Трамп и тој обезбедува продолжување на даночните олеснувања што наскоро ќе истечат и прилив на пари за одбраната и за масовните депортации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира