МАСОВЕН ПРОТЕСТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВО БЕЛГРАД, СЕ БАРААТ ОСТАВКИ И ЗАТВОРАЊЕ НА МЕДИУМИТЕ КОИ ПРОМОВИРААТ ОМРАЗА

    МАСОВЕН ПРОТЕСТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВО БЕЛГРАД, СЕ БАРААТ ОСТАВКИ И ЗАТВОРАЊЕ НА МЕДИУМИТЕ КОИ ПРОМОВИРААТ ОМРАЗАГраѓаните и претставници на опозицијата се собраа пред парламентот, по што мирно продолжија кон владата (Фото: Н1)

    Смена на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и на директорот на Безбедносно информативната агенција Александар Вулин беше побарана на протестниот марш „Србија против насилството“, што вечерва се одржува во Белград како реакција на неодамнешните масовни пукања, во кои беа убиени 17 луѓе, главно деца и млади.

    Илјадници граѓани и претставници на опозицијата, која го организира маршот, прво се собраа пред зградата на парламентот, по што мирно продолжија кон владата. Најавено е дека протестот ќе помине без говори и обраќања од учесниците.

    Истовремено се одржува протест и во Нови Сад и други градови низ земјата.

    „Во оваа земја никој не се чувствува сигурно. Затоа и бараме оставки на Гашиќ и Вулин. По она што ни се случи, ова се малку луѓе“, изјави актерот и опозиционер Сергеј Трифуновиќ за „Н1“.

    На почетокот на протестот беа прочитани барањата до владата, на која ѝ се дава рок до петок да ги исполни. Меѓу другото, се бара затворање на печатените медиуми кои промовираат омраза и насилство и во континуитет го кршат новинарскиот кодекс, како и одземање на националните фреквенции на телевизиите „Пинк“ и „Хепи“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира