МАЖ ПОЧИНА ВО ЊУЈОРК ОТКАКО АПАРАТ ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА ГО ВОВЛЕЧЕ ПОРАДИ МЕТАЛНИОТ ЛАНЕЦ ШТО ГО НОСЕЛ

    МАЖ ПОЧИНА ВО ЊУЈОРК ОТКАКО АПАРАТ ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА ГО ВОВЛЕЧЕ ПОРАДИ МЕТАЛНИОТ ЛАНЕЦ ШТО ГО НОСЕЛМедицинската установа во Вестбери, Њујорк, каде што се случил инцидентот. (Фото: Еј-Би-Си/принтскрин)

    61-годишен маж починал од тешките повреди откако бил вовлечен во апарат за магнетна резонанца бидејќи носел метален синџир околу вратот, соопшти американската полиција.

    Инцидентот се случил во средата попладне во медицинска установа во Вестбери, Њујорк. Според полицискиот оддел на округот Насау, мажот влегол во просторијата каде што се наоѓал апаратот додека скенирањето било во тек.

    „Поради големиот метален синџир што го носел на вратот, силното магнетно поле на апаратот го повлекло кон него, што предизвикало сериозни повреди“, се вели во соопштението на полицијата.

    Мажот, чие име не е објавено, веднаш бил пренесен во локална болница во критична состојба. Тој им подлегнал на повредите и бил прогласен за мртов во четвртокот попладне. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

    Апаратите за магнетна резонанца користат силно магнетно поле за да произведат детални слики, а пациентите секогаш се советуваат да го отстранат накитот и другите метални предмети пред скенирањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира