МАЖ УДРЕН ОД ВОЗ ДОДЕКА ГЛЕДАЛ ВО ТЕЛЕФОН НА СТАНИЦА ВО ЗАПАДНА ГЕРМАНИЈА

    МАЖ УДРЕН ОД ВОЗ ДОДЕКА ГЛЕДАЛ ВО ТЕЛЕФОН НА СТАНИЦА ВО ЗАПАДНА ГЕРМАНИЈАСпоред полицијата, човекот бил занесен во мобилниот телефон и стоел премногу блиску до работ на перонот. (Фото: ДПА)

    Маж претрпел тешки повреди на главата откако бил удрен од воз во западна Германија додека стоел на перонот гледајќи во својот телефон, соопштија властите. Инцидентот се случил на железничката станица Лајхлинген во западната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

    Според полицијата, човекот бил занесен во мобилниот телефон и стоел премногу блиску до работ на перонот. Кога возот се приближувал кон станицата, машиновозачот дал предупредување и активирал итна сопирачка, но не можел да спречи судир. 27-годишникот бил сериозно повреден и однесен в болница со хеликоптер за брза помош.

    Железничката линија помеѓу Леверкузен-Опладен и станицата Лајхлинген била привремено затворена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира