МАЖ ВО ИТАЛИЈА ПРОБАЛ СО ЛАЖНА РАКА ДА ДОБИЕ СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА

    МАЖ ВО ИТАЛИЈА ПРОБАЛ СО ЛАЖНА РАКА ДА ДОБИЕ СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈАПациентот признал дека носел лажна рака со цел да не ја прими вакцината против ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    50-годишник се обидел да го излаже персоналот во клиника во северна Италија да му стават вакцина во вештачка рака место во неговата, во обид да дојде во сертификат за вакцинација без да биде вакциниран против ковид-19. Неговиот обид за измама бил забележан од медицинска сестра пред да му биде ставена вакцината.

    „Бојата на кожата беше чудна, многу посветла во споредба со дланките и лицето на пациентот“, изјави сестрата Филипа Буа за „Си-Ен-Ен“.

    Откако проверила убаво, утврдила дека станува збор за лажна рака, направена од силикон.

    „Првин ми беше жал за човекот, помислив дека има протеза и се запрашав дали некако сум го принудила да му ставам вакцина во погрешната рака. Но, потоа тој призна дека носел лажна рака со цел да не ја прими вакцината“, вели таа.

    Регионалната влада на Пиедмонт го осуди обидот на човекот да го измами системот.

    „Случајот треба да биде класифициран како ‘смешен’, но што за гест од огромно значење, неприфатлив за жртвите што целата заедница ги дава во пандемијата“, се вели во соопштението на регионална влада.

    Со видеопорака за случајот се обрати и претседателот на регионалната влада, Аберто Чирио, кој кажа дека станува збор за „навреда за здравствениот систем на регионот, кој е меѓу првите во Италија по капацитетот за вакцинација“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира