МЕКСИКАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ПРОНАЈДЕ ТРИ ТЕЛА ПРИ ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ СУРФЕРИ ОД АВСТРАЛИЈА И САД

    МЕКСИКАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ПРОНАЈДЕ ТРИ ТЕЛА ПРИ ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ СУРФЕРИ ОД АВСТРАЛИЈА И САДСемејството изгубило контакт со браќата Робинсон минатата сабота

    Мексиканските власти пронајдоа три тела во областа на Долна Калифорнија, каде што исчезнаа тројца туристи од Австралија и САД. ФБИ кажа дека телата се пронајдени во зафрлена карпеста област кај градот Санто Томас и засега не се идентификувани.

    Браќата Џејк (30) и Калум Робинсон (33) од Перт и 30-годишниот Американец Џек Картер Роуд биле на сурфање близу популарниот туристички град Енсенада, кога исчезнале на 27 април. Претходно се пронајдени напуштени шатори, изгорен бел пикап и телефон поврзани со исчезнатите туристи.

    Долна Калифорнија е една од најнасилните сојузни држави во Мексико, каде што локалните наркобанди водат меѓусебни војни, но одличните услови за сурфање во Енсенада, оддалечен само 90 километри од американската граница, долго време привлекуваат туристи од САД.

    Семејството изгубило контакт со браќата Робинсон минатата сабота, кога тие планирале да кампуваат близу плажа, а потоа требало да престојуваат во приватно сместување во Росарио. Но, тие никогаш не се пријавиле таму.

    Тројца мексикански државјани, двајца мажи и една жена, се уапсени во врска со нивното исчезнување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира