МЕКСИКАНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ШЕИНБАУМ ГО НЕГИРАШЕ ТРАМП И КАЖА ДЕКА НЕМА ДА ЈА ЗАТВОРИ ГРАНИЦАТА ПОРАДИ МИГРАНТИТЕ

    МЕКСИКАНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ШЕИНБАУМ ГО НЕГИРАШЕ ТРАМП И КАЖА ДЕКА НЕМА ДА ЈА ЗАТВОРИ ГРАНИЦАТА ПОРАДИ МИГРАНТИТЕШеинбаум вели дека мигрантските карвани веќе не ни стигнуваат до границата со САД (Фото: Гети)

    Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп прогласи победа во запирањето на илегалната имиграција од Мексико откако вчера разговарал со мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, но таа потоа ги поби неговите тврдења.

    Таа се согласи да ја запре миграцијата низ Мексико во САД, практично затворајќи ја нашата јужна граница“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа по телефонскиот разговор со Шеинбаум.

    Таа набргу му одговори дека Мексико не планира да ја затвори границата, туку да се справува со миграцијата, почитувајќи ги човековите права.

    Мексико нема интерес да ја затвори границата. Ние сакаме да градиме мостови меѓу влади и меѓу луѓе. Му реков на Трамп дека Мексико веќе се грижи за мигрантските карвани, кои не стигнуваат до границата со САД“, кажа Шеинбаум.

    Во понеделникот, Трамп најави дека веднаш по инаугурацијата во јануари ќе воведе нови царини од 25% за Мексико и Канада, како и 10% за Кина. Кажа дека ќе ги укине царините за Мексико и Канада дури откако тие ќе ги запрат илегалната имиграција и шверцот на дрога во САД. Во септември, САД увезле производи од Мексико во вредност од 378,9 милијарди долари.

    Ако САД воведат царини, и Мексико ќе ги зголеми своите“, рече Шеинбаум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира