МЕКСИКО ИСПРАТИ ИЛЈАДНИЦИ ВОЈНИЦИ ЗА ДА ГИ ЗАПРЕ НАСИЛСТВАТА ПО УБИСТВОТО НА НАРКОБОСОТ ЕЛ МЕНЧО

    МЕКСИКО ИСПРАТИ ИЛЈАДНИЦИ ВОЈНИЦИ ЗА ДА ГИ ЗАПРЕ НАСИЛСТВАТА ПО УБИСТВОТО НА НАРКОБОСОТ ЕЛ МЕНЧОНереди имаше во најмалку 20 сојузни држави откако војската го уби водачот на картелот Халиско Нова генерација (Фото: АП)

    Мексико испрати илјадници војници за да ја зајакне безбедноста откако изби бран насилство по смртта на моќниот наркобос Немесио Осегуера Сервантес познат како Ел Менчо. Министерот за одбрана Рикардо Тревиља изјави дека дополнителни 2.500 војници се распоредени во западно Мексико, со што бројот на испратени војници од неделата порасна на 9.500.

    Нереди имаше во најмалку 20 сојузни држави откако војската го уби водачот на озлогласениот наркокартел Халиско Нова генерација во операција за негово апсење. Ел Менчо беше најбараниот човек во земјата и САД понудија награда од 15 милиони долари за негово фаќање.

    Според Тревиља, Осегуера бил лоциран откако била следена негова романтична партнерка со која требало да се сретне.

    Најмалку 25 припадници на Националната гарда, а вкупно 62 луѓе, загинаа во досегашните насилства откако припадниците на картелот извршија низа одмазднички напади во повеќето градови во коишто е активен и блокираа патишта со запалени возила. Мексиканската претседателка Клаудија Шејнабум изјави дека до вчера биле тргнати сите блокади, но биле запалени и оштетени десетици банки и други деловни објекти.

    Има мир, има влада, има вооружени сили и има голема координација“, рече Шејнбаум.

    Мексиканското министерство за одбрана соопшти дека акцијата за апсење на Ел Менчо ја извршила мексиканската армија, поддржана од Националната гарда и воздухопловните сили на земјата. Додаде дека дополнителни информации добиени од САД помогнале во фаќањето на наркобосот, но никакви американски сили не учествувале на терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира