МЕКСИКО ПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 СО „ФАЈЗЕР“, АРГЕНТИНА СО РУСКАТА „СПУТНИК“

    МЕКСИКО ПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 СО „ФАЈЗЕР“, АРГЕНТИНА СО РУСКАТА „СПУТНИК“Мексико има една од највисоките стапки на смртност од ковид-19 во светот. (Фото: Ројтерс)

    Педест и деветгодишната медицинска сестра Марија Ирене Рамирез од Мексико е првата личност во Латинска Америка која се вакцинираше против ковид-19, откако нејзината земја вчера почна со вакцинацијата. Мексико доби првичен пакет од 3 илјади дози од американско-германскатата вакцина на „Фајзер“ и „Бионтек“.

    Мексико има една од највисоките стапки на смртност од ковид-19 во светот, а на листата е зад САД, Бразил и Индија. Со вакцинација вчера стартуваа и Чиле и Костарика.

    Аргентина исто така планира да почне со имунизацијата во следните неколку денови, но тие ја избраа руската вакцина „Спутник“. Првите 300 илјади дози веќе стигнаа во Буенос Аирес.

    Бразил, кој од тој регион има највисока стапка на смртност, нема да почне со вакцинација до средината на февруари, и покрај тоа што перидов има раст на бројот на новозаболени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира