МЕРКЕЛ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ЌЕ ФОРМИРА ВЛАДА ОТКАКО СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ЈА ОДОБРИЈА КОАЛИЦИЈАТА

    МЕРКЕЛ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ЌЕ ФОРМИРА ВЛАДА ОТКАКО СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ЈА ОДОБРИЈА КОАЛИЦИЈАТААндреа Нахлес и Олаф Шолц од Социјал демократската партија на прес-конференција во Берлин ја соопштија одлуката уште еднаш да коалицираат со Ангела Меркел. (Фото: Ројтерс)

    Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја формира својата четврта влада откако опозициската Социјалдемократска партија (СПД) се согласи на уште една широка коалиција. 66% од членовите на СПД гласаа за коалиција со ЦДУ на Меркел, а 33% беа против.

    Со гласањето во СПД се стави крај на петмесечната неизвесност околу формирањето влада по изборите во септември минатата година.

    Меркел, која е на власт веќе 12 години, се соочува со неколку предизвици, вклучувајќи силна опозиција од националистичката Алтернатива за Германија (АФД). Антиимигрантската партија за првпат влезе во сојузниот парламент по септемвриските избори и сега најголема опозициска партија.

    СПД го доживеа својот најслаб изборен резултат и многумина од членовите сметаат дека причина за тоа е коалицирањето со Меркел изминатите години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира