„МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ“ ЦЕЛОСНО СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД РУСИЈА

    „МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ“ ЦЕЛОСНО СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД РУСИЈАГерманската компанија уште во март запре со производството и извозот во Русија (Фото: Гети)

    „Мерцедес-Бенц“ објави дека целосно се повлекол од рускиот пазар и дека ги продал акциите во своите тамошни подружници на локален инвеститор. Ваква одлука претходно донесоа и „Тојота“, „Нисан“ и „Рено“.

    Презентирајќи ги резултатите од третиот квартал, шефот на финансискиот оддел на компанијата Харалд Вилхелм изјави дека не се очекува овој потег да има значително влијание врз профитабилноста на групацијата.

    Германската компанија уште во почетокот на март запре со производството и извозот во Русија.

    Голем број западни компании се повлекоа од Русија како реакција на инвазијата на Украина. Меѓу автокомпаниите кои престанаа со испораките се „Џенерал моторс“, „Ролс-Ројс“ и „Јагуар Ленд ровер“.

    „Мерцедес-Бенц“ продал 9.558 возила во Русија од јануари до септември, 72,8% помалку од лани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира