Холандскиот министер за надворешни работи Халбе Зејлстра поднесе оставка откако призна дека излажал дека имал средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Тој со солзи во очите ја објави својата одлука во парламентот, откако неколку пратеници го повикаа да ја објасни својата постапка.
За време на кампањата во март минатата година, Цајлстра тврдеше дека лично го слушнал Путин како зборува за создавање на голема Русија во 2006 година.
„Не гледам друга опција денеска освен да ја предадам мојата оставка на неговото величество кралот. Тоа беше најголемата грешка во мојата политичка кариера. Холандија не заслужува таков министер за надворешни работи“, кажа тој само ден откако призна дека лажел.
Иако призна дека неговата постапка била глупава, Цајлстра и натаму тврди дека Путин го кажал тоа и дека со лажењето, всушност, сакал да го заштити изворот кој бил на тој состанок.
Цајлстра беше именуван за министер пред само четири месеци.