МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО КЕНЕДИ ЌЕ ЈА ИСТРАЖУВА ВРСКАТА ПОМЕЃУ ВАКЦИНИ И АУТИЗАМ, КАЖА ТРАМП

    МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО КЕНЕДИ ЌЕ ЈА ИСТРАЖУВА ВРСКАТА ПОМЕЃУ ВАКЦИНИ И АУТИЗАМ, КАЖА ТРАМПКенеди лани изјави дека верува дека аутизмот доаѓа од вакцини (Фото: Гети)

    Доналд Трамп изјави дека предложениот министер за здравство Роберт Кенеди Џуниор би можел да ја истражува врската помеѓу вакцини и аутизам, иако лекарската струка ја отфрли таквата поврзаност. Новоизбраниот американски претседател кажа во интервјуто за Ен-Би-Си дека таквата истрага е оправдана поради зголемениот број дијагностицирани случаи на аутизам кај американските деца во последните 25 години.

    „Кога гледате што се случува со болестите во нашата земја, знаете дека има нешто погрешно“, кажа Трамп запрашан дали би укинал некои вакцини.

    „Пред 25 години, аутизмот речиси и не постоел. Имало можеби еден случај на 100.000 деца, а сега е блиску до 100“, додаде тој.

    Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, едно од 36 деца во САД имало аутизам во 2020, додека во 2000 односот бил еден на 150. Кенеди, кој е скептик кон вакцини, постојано истакнува оспорени теории дека ваквите состојби се предизвикани од вакцинирањето во детството.

    „Верувам дека аутизмот доаѓа од вакцини“, кажа Кенеди лани и повика на поголемо тестирање вакцини.

    Трамп кажа дека Кенеди како министер „нема одново да го измислува тркалото“.

    „Тој нема да го вознемири системот. Но, некој мора да даде одговори за аутизмот“, рече Трамп.

    Научниците го припишуваат порастот на дијагнозите на аутизам на подобрените методи на скрининг и велат дека е предизвикан од комплексна мешавина на фактори, вклучувајќи генетика, животна средина и услови за време на бременоста и раѓањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира