МИСИЈАТА НА ПРВОТО ПРИВАТНО ЛЕТАЛО НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ БИДЕ ПРЕКИНАТА ПО САМО ПЕТ ДЕНА

    МИСИЈАТА НА ПРВОТО ПРИВАТНО ЛЕТАЛО НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ БИДЕ ПРЕКИНАТА ПО САМО ПЕТ ДЕНА„Одисеј“ успешно слета на Месечината, но потоа се утврди дека лежи настрана (Фото: Интуитив машинс)

    Инженерите на контрола на летот очекуваат да го изгубат контактот со приватното летало „Одисеј“, прекинувајќи ја мисијата само пет дена по неговото слетување на Месечината, објави американската компанија „Интуитив машинс“ која стои зад овој проект.

    Останува да се види дали ќе бидат изгубени и научните податоци како резултат на прекинатото функционирање на „Одисеј“, кое, според претходните проценки на фирмата и на НАСА, требало да оперира на Месечината меѓу седум и десет дена.

    Одисеј“ во четвртокот стана првото приватно летало кое било спуштено на Месечината и прво американско од 1972 година, но дополнително беше утврдено дека тоа веројатно лежи настрана. И покрај тоа, од компанијата кажаа дека леталото има доволно енергија и комуницира со Земјата.

    Сепак, поради лошата позиција на „Одисеј“, неговите соларни панели можат да примаат ограничено количество сончева светлина, неопходна за полнење на батериите. Исто така, две од неговите антени се свртени кон тлото.

    Интуитив машинс“ потроши 100 милиони долари на „Одисеј“ и прими 118 милиони долари од НАСА во рамките на програма со која се помагаат комерцијални обиди за лет на Месечината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира