МИСЛЕВ ДЕКА ЌЕ СЕ РАЗБУДАМ ОД ХАЛУЦИНАЦИИТЕ АКО АВИОНОТ ПОЧНЕ ДА ПАЃА, ВЕЛИ ПИЛОТОТ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ГИ ИСКЛУЧИ МОТОРИТЕ СРЕДЕ ЛЕТ НА „АЉАСКА ЕРЛАЈНС“

    МИСЛЕВ ДЕКА ЌЕ СЕ РАЗБУДАМ ОД ХАЛУЦИНАЦИИТЕ АКО АВИОНОТ ПОЧНЕ ДА ПАЃА, ВЕЛИ ПИЛОТОТ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ГИ ИСКЛУЧИ МОТОРИТЕ СРЕДЕ ЛЕТ НА „АЉАСКА ЕРЛАЈНС“Пилотот Емерсон, кој пред суд се изјасни за невин за обид за убиство на 83-ца патници и членови на екипаж, вели дека консумирал психоделични печурки два дена претходно додека ја одбележувал смртта на неговиот најдобар пријател. (Фото: Аљаска Ерлајнс)

    Пилотот кој се обиде да го исклучи доводот на гориво до моторите на авион на „Аљаска Ерлајнс“ откако консумирал магични печурки вели дека немал намера да повреди никого, туку се обидувал да излезе од халуциногена состојба.

    „Мислев дека ако ги исклучам двата мотора, авионот ќе почне да паѓа и јас ќе се разбудам“, кажа 44-годишниот Џозеф Емерсон, во интервју за „Њујорк Тајмс“ дадено додека е во притвор.

    Емерсон, кој пред суд се изјасни за невин за обид за убиство на 83-ца патници и членови на екипаж, вели дека консумирал психоделични печурки два дена претходно додека ја одбележувал смртта на неговиот најдобар пријател.

    Но, дрогата го нарушила неговото кревко ментално здравје и вели дека доживеал нервен слом на летот од Еверет (Вашингтон) до Сан Франциско. Емерсон, кој е вработен во компанијата, не бил на должност кога се случил инцидентот минатиот месец, туку бил само патник на летот.

    По кратка пресметка во кокпитот со капетанот и првиот офицер, Емерсон бил совладан од член на екипажот и уапсен во Портланд, каде што авионот бил пренасочен и безбедно слетал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира