МИСТЕРИОЗНО ИСЧЕЗНА БРОНЗЕНАТА СТАТУА НА МЕЛАНИЈА ТРАМП ВО СЛОВЕНИЈА, ОСТАНАА САМО СТАПАЛАТА

    МИСТЕРИОЗНО ИСЧЕЗНА БРОНЗЕНАТА СТАТУА НА МЕЛАНИЈА ТРАМП ВО СЛОВЕНИЈА, ОСТАНАА САМО СТАПАЛАТАПрвата верзија на стауата, изработена од дрво од локалниот занаетчија Алеш „Макси“ Жупевц, беше запалена во јули 2019 година, точно една година по нејзиното поставување. (Фото: АФП)

    Бронзената статуа на поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, која беше поставена во нејзиниот роден град Севница во Словенија, мистериозно исчезна. Од споменикот, кој беше откриен во јули 2020 година, останале само стапалата и дрвениот постамент висок два метри на кој беше поставена.

    Ова не е првпат статуа на Меланија Трамп да доживее неславна судбина во Севница. Првата верзија, изработена од дрво од локалниот занаетчија Алеш „Макси“ Жупевц, беше запалена во јули 2019 година, точно една година по нејзиното поставување.

    Американскиот уметник Бред Дауни, кој го нарачал и оригиналното дрвено дело, потоа направил калап од статуата и ја изработил во бронза, со надеж дека ќе биде поиздржлива. При откривањето на бронзената верзија, Дауни изјавил дека новиот споменик е дизајниран да биде „што е можно поцврст, од издржлив материјал кој не може лесно да се уништи“. Сепак, и оваа верзија беше отстранета, исечена кај глуждовите.

    Локалната полиција го третира исчезнувањето на статуата како „кражба“ и започнала истрага.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира