Конзервативната Нова Демократија победи во Грција победи на денешните избори. Партијата на премиерот Кирјакос Мицотакис освои речиси 41 отсто, врз основа на повеќе од две третини од гласовите. Ривалот Алексис Ципрас од партијата СИРИЗА му ја честиташе победата на Мицотакис, бидејќи неговата партија освои само 20 отсто од гласовите.
Нова Демократија на Мицотакис владее со Грција во последните четири години и може да се пофали дека растот на земјата минатата година беше близу 6%.
Според дописничката на МИА од Атина, со изборните резултати и пропорционалниот модел, Нова Демократија нема можност да формира еднопартиска Влада, па така, се очекува да се одржат втори избори на почетокот на јули. Излезноста, според првичните официјални информации е 56,8 отсто.