МНОЗИНСТВОТО ГЕРМАНЦИ ОЧЕКУВААТ КАНЦЕЛАРОТ МЕРЦ ДА БИДЕ СМЕНЕТ ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО 2029 ГОДИНА

    МНОЗИНСТВОТО ГЕРМАНЦИ ОЧЕКУВААТ КАНЦЕЛАРОТ МЕРЦ ДА БИДЕ СМЕНЕТ ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО 2029 ГОДИНААнкетата доаѓа во време кога владата на Мерц се соочува со низок рејтинг пред трите клучни покраински избори во септември, на кои се очекува десничарската партија Алтернатива за Германија да оствари значајни резултати. (Фото: ДПА)

    Мнозинството граѓани во Германија очекуваат канцеларот Фридрих Мерц да замине од функцијата пред редовните избори во 2029 година, покажуваат резултатите од анкетата на институтот „ЈуГов“, спроведена за новинската агенција ДПА.

    Според истражувањето, 36 отсто од испитаниците очекуваат Мерц да биде сменет од канцеларската позиција пред изборите, додека 18 отсто сметаат дека тоа ќе се случи уште во текот на оваа година. Дека германскиот канцелар ќе остане на функцијата барем до изборите во 2029 година веруваат 29 отсто од анкетираните, додека 17 отсто немале одговор.

    На прашањето кој е посоодветен за функцијата канцелар, само девет отсто се одлучиле за Мерц, додека 25 отсто го навеле неговиот партиски колега од ЦДУ и премиер на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Хендрик Вист. Најголем дел, односно 66 отсто од испитаниците, одговориле дека не знаат.

    По јулските организациски промени што Мерц ги направи во својата влада и во раководството на Демохристијаните, мнозинството граѓани оценуваат дека тој не добил авторитет во партијата. Вкупно 36 отсто сметаат дека тој значително го загубил авторитетот, а 31 отсто наведуваат дека авторитетот му е делумно намален. Само еден процент од анкетираните веруваат дека Мерц стекнал значителен авторитет, пет отсто гледаат мало засилување на неговата позиција, додека за 19 отсто не важи ниту една од овие опции.

    Анкетата доаѓа во време кога владата на Мерц се соочува со низок рејтинг пред трите клучни покраински избори во септември, на кои се очекува десничарската партија Алтернатива за Германија да оствари значајни резултати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира