МОЌНИОТ ГЕНЕРАЛ СУРОВИКИН ЗНАЕЛ ЗА ПЛАНОВИТЕ НА ПРИГОЖИН ДЕКА ЌЕ ПОЧНЕ ПОБУНА, ОБЈАВИ „ЊУЈОРК ТАЈМС“

    МОЌНИОТ ГЕНЕРАЛ СУРОВИКИН ЗНАЕЛ ЗА ПЛАНОВИТЕ НА ПРИГОЖИН ДЕКА ЌЕ ПОЧНЕ ПОБУНА, ОБЈАВИ „ЊУЈОРК ТАЈМС“Суровикин не е виден во јавност од саботата (Фото: Гети)

    Генералот Сергеј Суровикин, заменик-заповедникот на руските воени операции во Украина, бил запознат со плановите дека шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, подготвува побуна против раководството на руската војска, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори од американското разузнавање. Популарниот Генерал Армагедон не е виден во јавност од саботата, кога го повика Пригожин да го прекине маршот кон Москва.

    Официјални лица се обидуваат да дознаат дали Суровикин му помогнал на Пригожин да ги испланира своите акции“, изјавија американски функционери.

    На Пригожин му беше дозволено да замине во Белорусија откако ја прекина побуната, во која неговите борци соборија неколку руски воени летала и убија над десет пилоти.

    Њујорк тајмс“ извести дека има назнаки дека и некои други генерали можеби го поддржале Пригожин.

    Пригожин немаше да почне побуна доколку не веруваше дека ќе му се придружат и други моќни поединци“, велат американски функционери.

    Суровикин во октомври беше поставен за заповедник на специјалната воена операција во Украина, но веќе во јануари беше заменет со генералот Валери Герасимов. Пригожин тврдеше дека целта на неговата побуна е да ги собори Герасимов и министерот за одбрана Шојгу, со кои со месеци водеше вербална војна за начинот на војувањето во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира