МОРАВЈЕЦКИ НЕ ДОБИ ДОВЕРБА ВО ПАРЛАМЕНТОТ, ТУСК ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ПОЛСКИ ПРЕМИЕР

    МОРАВЈЕЦКИ НЕ ДОБИ ДОВЕРБА ВО ПАРЛАМЕНТОТ, ТУСК ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ПОЛСКИ ПРЕМИЕРТуск предводи алијанса на проевропски партии (Фото: АФП)

    Доналд Туск ќе биде новиот полски премиер откако актуелниот лидер Матеуш Моравјецки го изгуби денешното гласање за доверба во парламентот. Ова следува откако неговата партија Закон и ред не успеа да обезбеди мнозинство на изборите во октомври, но и покрај тоа, претседателот Анджеј Дуда ѝ даде предност за формирање влада, што го одложи целиот процес за неколку недели.

    Откако очекувано не доби доверба во парламентот, стана јасно дека Туск ќе биде новиот премиер. Бившиот претседател на Европскиот совет предводи алијанса на проевропски партии, во која членуваат неговата Граѓанска коалиција, Третиот пат и Левица.

    Закон и ред, која беше на власт осум години, освои најмногу гласови на изборите, но ниедна голема партија не сакаше да коалицира со неа.

    Туск беше премиер од 2007 до 2014 година. Тој утре ќе го претстави својот кабинет, при што се очекува Радослав Сикорски да биде министер за надворешни работи.

    Големи се очекувања од новата влада, бидејќи таа вети дека ќе ја обнови независноста на судството, што систематски беше поткопувано од досегашната власт, поради што Брисел блокираше фондови од 30 милијарди евра за земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира