МОСКВА ЈА ЗАТВОРИ „АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНЛ“

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Москва,(Мета)

    МОСКВА ЈА ЗАТВОРИ „АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНЛ“

    Градските власти во Москва во текот на ноќта ја запечатиле канцеларијата на организацијата за човекови права „Амнести интернешнл“.

    Директорот на московската канцеларија на АИ, Сергеј Никитин, изјави дека утринава, кога стигнале на работа, вработените затекнале сменета брава на влезот, со залепена етикета со лого од градските власти. Тој рече дека организацијата веќе 20 години ги изнајмува просториите.

    Организациите за човекови права во Русија изминатите години се жалеа дека им се врши притисок и оти им се закануваат на нивните членови, а се носат и контроверзни закони што ја уредуваат работата на невладините организации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира