МОСКВА ВОВЕДУВА ВОНРЕДНИ МЕРКИ ДОДЕКА „ВАГНЕРОВЦИ“ СЕ БЛИЖАТ КОН ГРАДОТ

    МОСКВА ВОВЕДУВА ВОНРЕДНИ МЕРКИ ДОДЕКА „ВАГНЕРОВЦИ“ СЕ БЛИЖАТ КОН ГРАДОТБорците на „Вагнер“ ноќеска преминаа од Украина во Русија и го окупираа Ростов на Дон (Фото: Гети)

    Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, ја опиша ситуацијата како многу тешка и ги забрани сите настани на отворено до 1 јули, додека трупите на „Вагнер“ се ближат кон градот. Тој најави и дека некои патишта и населби ќе бидат затворени за сообраќај, прогласувајќи дека на сила стапува противтерористички режим.

    Ги повикувам московјаните да се воздржат од патувања низ градот колку што е можно повеќе“, изјави Собјанин и додаде дека понеделникот ќе биде неработен ден со цел да се минимизираат ризиците.

    Една од воведените мерки е следење или ограничување на комуникациите. На јужниот раб на Москва војската поставува вооружени контролни пунктови и реди вреќи со песок.

    Откако ноќеска преминаа од Украина во Русија и го окупираа Ростов на Дон, илјадници борци на платеничката група „Вагнер“ потоа се упатија кон Москва и последните информации кажуваа дека влегле во регионот Липецк, со што стигнале на помалку од 400 километри до главниот град.

    Шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, кој тврди дека располага со 25.000 борци, кажа дека целта на нивната побуна е соборувањето на раководството на руската војска, со кое често вербално се пресметуваше од почетокот на војната во Украина. Владимир Путин го обвини за велепредавство и вети жестоки казни за предводниците на побуната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира