МОЖЕБИ ЌЕ ИМА ПОТРЕБА ОД ПРЕВЕНТИВНИ НАПАДИ ВРЗ ЗАПАДОТ, КАЖА БИВШИОТ РУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ МЕДВЕДЕВ

    МОЖЕБИ ЌЕ ИМА ПОТРЕБА ОД ПРЕВЕНТИВНИ НАПАДИ ВРЗ ЗАПАДОТ, КАЖА БИВШИОТ РУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ МЕДВЕДЕВМедведев ги отфрли тврдењата дека Русија еден ден би можела да нападне членка на НАТО

    Бившиот руски претседател Дмитри Медведев изјави дека западот практички води целосна војна против Русија и дека Москва би можела да одговори со превентивни напади. Медведев, кој е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, е еден од највоинствените антизападни функционери на Кремљ.

    Дипломатите велат дека неговите забелешки навестуваат како размислува дел од руската политичка елита.

    Она што се случува денес е прокси војна, но во суштина е целосна војна, со лансирање западни проектили, пакети санкции и со гласни повици за вооружување на Европа. Тоа е уште еден обид да се уништи Русија, ‘историската аномалија‘ омразена од западот“, кажа Медведев.

    Притоа го обвини западот дека со векови се обидува да ја поткопа Русија.

    Мора да делуваме соодветно и да одговориме во целост. Ако е неопходно, и со превентивни напади“, додаде Медведев.

    Тој ги отфрли тврдењата дека Русија еден ден би можела да нападне членка на НАТО.

    Изјавите на западните политичари на оваа тема се целосна бесмислица. Оваа бесмислица намерно се фрла во информативниот простор со цел да се дестабилизира веќе тешката ситуација. Ова е уште едно крило од отворената војна на западот против нас“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира