МОЖЕБИ ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕМЕ, НО НЕМА ДА ГО ПРЕДАДЕМЕ СЕВЕРОДОЊЕЦК, ВЕЛИ УКРАИНА

    МОЖЕБИ ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕМЕ, НО НЕМА ДА ГО ПРЕДАДЕМЕ СЕВЕРОДОЊЕЦК, ВЕЛИ УКРАИНАНовите сателитски снимки на компанијата „Максар“ ги покажуваат уништувањата во околината на Северодоњецк

    Украинската војска би можела да се повлече на поутврдени позиции во Северодоњецк, но не се откажува од градот, изјави гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај.

    „Во градот се водат жестоки борби. Нашите бранители се борат за секој сантиметар од градот. Нема да го предадеме градот, дури и ако нашата војска биде принудена да се повлече на поутврдени позиции, зашто константно се бомбардира“, кажа Гајдај.

    Лидерот на самопрогласената Народна Република Луганск, Родион Мирошник, вели дека Украина контролира само мал дел од хемиската фабрика „Азот“ во Северодоњецк. Гајдај кажа дека во фабриката се кријат околу 800 цивили, од кои 200 се работници.

    Мирошник тврди и дека аеродромот во Северодоњецк е целосно исчистен од украинските сили.

    Гајдај додава дека Русите користат огромни ресурси за да го отсечат главниот пат што го поврзува Северодоњецк со Лисичанск и Бахмут.

    „Стратешката цел на руската војска е да го контролира овој пат. Ние не го користиме патот зашто е многу опасно, но и тие не го контролираат. Русите сакаат да го освојат Северодоњецк до 10 јуни“, вели Гајдај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира