НА 100-ГОДИШЕН ПОРАНЕШЕН ЧУВАР ВО КОНЦЕНТРАЦИОНЕН ЛОГОР ЌЕ МУ СЕ СУДИ НАЕСЕН ВО ГЕРМАНИЈА

    НА 100-ГОДИШЕН ПОРАНЕШЕН ЧУВАР ВО КОНЦЕНТРАЦИОНЕН ЛОГОР ЌЕ МУ СЕ СУДИ НАЕСЕН ВО ГЕРМАНИЈАЗатвореници во концентрациониот логор Захсенхаузен. (Фото: Американски музеј за холокаустот)

    На 100-годишен поранешен чувар во нацистичкиот концентрационен логор Захсенхаузен ќе му се суди наесен, објави германскиот весник „Велт ам Зонтаг“. Судот во Нојрупин, град во источната покраина Бранденбург, го прифати обвинението за соучесништво во убиство на 3.500 луѓе. Судењето треба да почне во октомври.

    Поради возраста, обвинетиот ќе присуствува на судењето максимум 2,5 часа дневно, кажа портпарол на судот за „Велт ам Зонтаг“. Обвинетиот, чие име судот не го објави, работел како затворски чувар во Захсенхаузен од 1942 до 1945 година.

    Десетици илјади затвореници починаа од вкупно 200.000 кои беа затворени во концентрациониот логор, како последица на глад, болести, принудна работа и злоставување.

    Германските обвинители сè уште се обидуваат да покренат обвиненија против осомничени од нацистичката ера, иако поминаа 76 години откако заврши Втората светска војна.

    Во 2011 година, судот во Минхен пресуди дека за да биде некој осуден доволно е да се докаже дека работел во концентрационен камп, без докази дека направил конкретно кривично дело, што го отвори патот за нови пресуди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира