Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, изјави дека воениот персонал на возраст од 30 години и повеќе ќе биде подложен на тестирање на нивото на тестостерон како дел од годишните здравствени прегледи. Хегсет рече дека ја одобрува програмата за скрининг на војниците за да се осигури дека „имаат соодветно ниво на тестостерон за да функционираат на своето најдобро можно ниво“.
На војниците со ниски нивоа на тестостерон ќе им биде понудена доброволна хормонска терапија.
Персоналот помлад од 30 години, исто така, ќе може доброволно да побара скрининг.
„Им должиме на нашите војници апсолутно најдобра медицинска грижа во светот, а оваа програма ја исполнува таа обврска“, објасни Хегсет.
Земањето тестостерон од немедицински причини, како што е вештачко подобрување мускули без лекарски рецепт, е строго забрането во војската.
Нивоата на тестостерон се зголемуваат за време на пубертетот. Хормонот им помага на момчињата да развијат мускулна сила и влакна на телото и да создаваат сперматозоиди. Во одреден момент меѓу 30 и 40 години, нивоата на тестостерон кај мажите природно почнуваат да опаѓаат.



