НА БРИТАНСКИОТ ПРИНЦ ЕНДРЈУ ЌЕ МУ СЕ СУДИ ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ВРЗ МАЛОЛЕТНИЧКА

    НА БРИТАНСКИОТ ПРИНЦ ЕНДРЈУ ЌЕ МУ СЕ СУДИ ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ВРЗ МАЛОЛЕТНИЧКАВирџинија Гифре снимена со принцот Ендрју во Лондон во 2001 година

    Американскиот суд ја одби жалбата на британскиот принц Ендрју, кој сепак ќе се соочи со граѓанска судска постапка за сексуален напад врз жена која тогаш имала 17 години. Вирџинија Гифре, која изнесе обвиненија и против сега покојниот сексуален престапник и педофил Џефри Епстајн, тврди дека била сексуално нападната од Ендрју во Лондон и Њујорк во 2001 година.

    Адвокатите на Ендрју сметаа дека случајот треба да биде отфрлен, повикувајќи се на договор што Гифре го потпишала со Епстајн во 2009, за што добила 500.000 долари. Њујоршкиот судија Луис Каплан пресуди дека договорот не го вклучува и Ендрју.

    Вториот син на кралицата Елизабета Втора постојано ги негира обвинувањата, додека Бакингамската палата соопшти дека нема ништо да коментира. Судењето ќе почне подоцна оваа година.

    Во судските документи стои дека Американката Гифре била жртва на сексуална трговија и злоставување од страна на Епстајн, кој ја отстапувал и на други моќни луѓе.

    Во интервјуто со Би-Би-Си во 2019, Ендрју изјави дека не се сеќава дека некогаш ја запознал Гифре и дека немал секс со неа. Тој набргу потоа се повлече од сите јавни задолженија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира