НА БРИТАНЦИТЕ НЕМА ДА ИМ ТРЕБА ВИЗА ЗА ЕУ ВО СЛУЧАЈ НА БРЕГЗИТ БЕЗ ДОГОВОР, ОДЛУЧИ ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    НА БРИТАНЦИТЕ НЕМА ДА ИМ ТРЕБА ВИЗА ЗА ЕУ ВО СЛУЧАЈ НА БРЕГЗИТ БЕЗ ДОГОВОР, ОДЛУЧИ ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТТереза Меј ќе се обиде да се избори за подолго одложување на брезит (Фото: АП)

    Британските државјани ќе можат да патуваат без виза во земјите од Европската Унија и во случај на брегзит без договор, одлучи Европскиот парламент. Ова денеска беше изгласано со огромно мнозинство и ќе важи само доколку европските државјани добијат ист статус при патување во Велика Британија.

    Одлуката беше одложувана поради спорот околу статусот на Гибралтар, чиј суверенитет е оспоруван од Шпанија.

    Од моментот кога Британија ќе излезе од Европска Унија, нејзини туристи ќе станат „државјани на трета земја“. Но, како и во случајот на државјаните на уште 60 земји, како Австралија, Јапонија и САД, на Британците ќе им биде одобрен престој без виза од 90 дена.

    Британската премиерка Тереза Меј доби дозвола од парламентот да побара подолго одложување на брегзит, со цел да се избегне излегувањето без договор на 12 април.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира