НА ИЗБОРИТЕ ВО СЛОВАЧКА ПОБЕДИ ПРОРУСКА ПАРТИЈА

    НА ИЗБОРИТЕ ВО СЛОВАЧКА ПОБЕДИ ПРОРУСКА ПАРТИЈАПартијата Смер-ССД освои 24% од гласовите, а лидерот Фико вети дека веднаш ќе стави крај на испраќањето воена помош на Украина. (Фото: Днес24)

    Популистичката проруска партија предводена од поранешниот премиер Роберт Фико победи на вчерашните парламентарни избори во Словачка, по пребројани речиси сите гласови.

    Партијата Смер-ССД освои 24% од гласовите, а лидерот Фико вети дека веднаш ќе стави крај на испраќањето воена помош на Украина. Тој беше принуден да поднесе оставка во 2018 година по убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак.

    Либералната партија Прогресивна Словачка освои 17% од гласовите, а проевропската партија Хлас е на третото место со 15% и може да биде клучна за тоа кој ќе формира влада.

    Фико може да формира влада со Хлас, која се одвои од Смер во 2020 година, и со националистичката Словачка национална партија, која освои 5% од гласовите.

    „Ако Смер формира влада, нема да испратиме ниту еден куршум во Украина“, кажа Фико пред изборите.

    Тоа ги загрижува останатите членки на ЕУ и НАТО, но му донесе поддршка на Фико кај многумина Словаци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира