НА ТРАМП МУ ЗАПРЕ ЕСКАЛАТОРОТ ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ, ОТТАМУ ВЕЛАТ ДЕКА НЕГОВИОТ ТИМ Е ВИНОВЕН

    НА ТРАМП МУ ЗАПРЕ ЕСКАЛАТОРОТ ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ, ОТТАМУ ВЕЛАТ ДЕКА НЕГОВИОТ ТИМ Е ВИНОВЕНТрамп се пошегува дека од Обединетите нации добив само лош ескалатор и расипан телесуфлер (Фото: АП)

    Обединетите нации веруваат дека ја решиле мистеријата зошто ескалаторот наеднаш запрел откако Доналд Трамп стапна на него, одејќи накај Генералното собрание. Од организацијата сметаат дека видеограферот на Трамп можеби случајно го притиснал безбедносниот механизам.

    Трамп се пошегува со ова додека држеше говор на Генералното собрание, кога му се расипа и телесуфлерот.

    Од Обединетите нации добив само две работи: лош ескалатор и расипан телесуфлер“, кажа Трамп.

    Сепак, портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, не го прифати тоа толку лесно.

    Ако некој во ОН намерно го запрел ескалаторот кога претседателот и првата дама стапнаа на него, тогаш треба да има истрага и некој треба да добие отказ“, рече Ливит.

    Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик, кажа дека отчитувањата од централната процесорска единица покажале дека ескалаторот запрел откако бил активиран вградениот безбедносен механизам, веројатно од видеограферот на Трамп, кој стоеше пред него за да го снима.

    Ако првата дама не беше во така добра форма, ќе паднеше“, се пошегува Трамп подоцна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира