НА ТРУПОВИТЕ НА АВИОНИТЕ НАОЃАВ И 200 НЕДОСТАТОЦИ, НЕДОСТИГАА И ДЕЛОВИ, ИЗЈАВИ СВИРКАЧ ОД „БОИНГ“

    НА ТРУПОВИТЕ НА АВИОНИТЕ НАОЃАВ И 200 НЕДОСТАТОЦИ, НЕДОСТИГАА И ДЕЛОВИ, ИЗЈАВИ СВИРКАЧ ОД „БОИНГ“Речиси 200 авиони „боинг 737 макс 9“ беа приземјени во јануари откако отпадна врата од еден авион (Фото: Гети)

    Труповите на авионите направени од најголемиот добавувач на „Боинг“ редовно ја напуштаа фабриката со сериозни дефекти, изјави поранешен инспектор за квалитет во фирмата. Сантијаго Паредес, кој работел во „Спирит аеросистемс“ во Канзас, изјави за Би-Би-Си дека пронашол околу 200 дефекти на делови кои биле спремни за испорака во „Боинг“.

    Ми дадоа прекар ‘уништувач на забава‘ затоа што го успорував производството кога сакав да се справам со проблемите“, кажа Паредес.

    Од „Спирит“, кој останува најголемиот добавувач на „Боинг“, ги негираа обвинувањата.

    Во интервјуто со Би-Би-Си, Паредес опиша што искусил додека работел во фирмата од 2010 до 2022 година.

    Често наоѓав 50 до 100, па и 200 недостатоци на труповите на авионите кои беа спремни за испорака во ‘Боинг‘. Недостигаа многу спојки, имаше свиткани делови, а недостигаа и цели делови“, изјави Паредес.

    Американскиот министер за транспорт Пит Бутиџиџ кажа дека владата го стави „Боинг“ под микроскоп преку истрагите што ги спроведува Федералната агенција за авијација.

    Спирит“ и „Боинг“ се најдоа под интензивен надзор откако во јануари набргу по полетувањето отпадна врата од целосно нов авион „737 макс“. По овој инцидент беа приземјени речиси 200 авиони „боинг 737 макс 9“.

    Некои дефекти беа ситни, но некои беа сериозни. Цело време ми приговараа за тоа што го откривав. Не беа загрижени за последиците, само сакаа што побрзо да ги испорачаат производите“, кажа Паредес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира