НА УНИВЕРЗИТЕТ ВО ЈУТА СМРТНО ЗАСТРЕЛАН КОНЗЕРВАТИВНИОТ ИНФЛУЕНСЕР ЧАРЛИ КИРК, КОЈ ГИ ПОТТИКНА МЛАДИТЕ ДА ГЛАСААТ ЗА ТРАМП

    НА УНИВЕРЗИТЕТ ВО ЈУТА СМРТНО ЗАСТРЕЛАН КОНЗЕРВАТИВНИОТ ИНФЛУЕНСЕР ЧАРЛИ КИРК, КОЈ ГИ ПОТТИКНА МЛАДИТЕ ДА ГЛАСААТ ЗА ТРАМПКирк е коосновач на најголемата конзервативна младинска организација во САД. (Фото: АП)

    Американскиот десничарски активист и коментатор Чарли Кирк е застрелан на настан на Универзитетот Јута Вели во градот Орем во Јута и осомничениот напаѓач е во притвор. Тој почина в болница неколку часа подоцна.

    Триесет и едногодишниот Кирк, кој важи за влијателен сојузник на Доналд Трамп, е коосновач на Пресвртница (Turning Point). најголемата конзервативна младинска организација во САД. 

    Претседателот Доналд Трамп објави: „Големиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк, е мртов. Никој не го разбираше или го имаше срцето на младите во САД подобро од Чарли. Тој беше сакан и почитуван од СИТЕ, особено од мене, а сега, тој повеќе не е со нас.На Меланија и моите сочувства се упатуваат до неговата прекрасна сопруга Ерика и семејството. Чарли, те сакаме!“

    Снимки од инцидентот покажуваат како Кирк држи говор пред голема група луѓе на отворено, кога се слуша пукање. Кирк може да се види како ја движи раката кон вратот додека паѓа од столот, а присутните трчаат.

    Од блиската зграда беше испукан куршум и имаме осомничен во притвор“, изјави портпарол на универзитетот.

    Локална телевизиска станица прикажа постар маж облечен во сина кошула кого го водат полицајци по нападот.

    Кирк и Пресвртница одиграа клучна улога во поттикнувањето на младите да го поддржат Трамп на изборите. Неговите настани во универзитетските кампуси низ целата земја обично привлекуваат големи толпи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира