НАД 100 БОРЦИ НА АСАД УБИЕНИ ВО АМЕРИКАНСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД

    НАД 100 БОРЦИ НА АСАД УБИЕНИ ВО АМЕРИКАНСКИ ВОЗДУШЕН НАПАДНиту еден американски војник не е повреден или ранет во инцидентот. - Два авиони Ф-22 на американското воено воздухопловство летаат над Сирија (архивска фотографија)

    Повеќе од 100 борци на сирискиот претседател Башар ал-Асад беа убиени откако американската коалиција и локални сили поддржани од коалицијата осуетија голем координиран напад ноќеска, изјави американски функционер за „Ројтерс“.

    Големата бројка загинати го потврдува обемот на нападот, за кој што американскиот функционер кажа дека вклучувал 500 борци, поддржани од артилерија, тенкови, ракетни системи и минофрлачи. Ниту еден американски војник не е повреден или ранет во инцидентот, додаде функционерот.

    Сепак, американски војници биле заедно со Сириските демократски сили (СДФ), чија што база во сириската провинција Деир Езор била цел на нападот. Еден борец на СДФ бил повреден во инцидентот.

    „Се сомневаме дека сириските прорежимски сили се обидуваа да освојат територија која што СДФ ја ослободи од Даеш (ИСИС) во септември 2017 година“, вели функционерот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира