НАД 100 ТЕЛА ПРОНАЈДЕНИ ВО КОМУНАТА БЕЕРИ ВО ЈУЖЕН ИЗРАЕЛ, ЕДНА ОД ПРВИТЕ ВО КОИ УПАДНА ХАМАС

    НАД 100 ТЕЛА ПРОНАЈДЕНИ ВО КОМУНАТА БЕЕРИ ВО ЈУЖЕН ИЗРАЕЛ, ЕДНА ОД ПРВИТЕ ВО КОИ УПАДНА ХАМАССнимка од доаѓањето на милитантите на Хамас во Беери (Фото: Телеграм)

    Повеќе од 100 тела се пронајдени во кибуцот Беери, едно од првите места во кои што упаднаа милитантите на Хамас кога го почнаа изненадувачкиот напад на Израел во саботата. Оваа самоодржлива комуна со околу 1.000 жители се наоѓа само пет километри од границата со Газа

    „Беери е тешко погоден. Милитантите пукаа во жителите и зедоа заложници“, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили, Ричард Хехт.

    Меѓу исчезнатите е брачен пар со италијанско-израелско државјанство и италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани кажа дека тие можеби се земени како заложници.

    Едно видео од Беери, објавено на канал на Хамас на Телеграм, прикажува вооружени борци со залалени автомобили во позадина, а потоа се гледаат четири тела на земјата. Во друго видео, снимено на истата локација, милитантите водат петмина заложници.

    „Тие се движеа наоколу како да го поседуваат местото, пукаа насекаде и киднапираа кого било. Луѓето бегаа од нивните запалени куќи низ прозорци, а таму ги чекаа терористите“, изјави поранешниот локален политичар Хаим Јелин.

    Во рамките на кибуцот се пронајдени 107 тела, од кои најголем дел се локални жители.

    Нападот на Беери се случи паралелно со упадот на Хамас на транс фестивалот НОВА, каде што се убиени околу 260 луѓе. Во првиот налет на милитантите настрадаа уште неколку погранични кибуци и гратчиња.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира