Француската полиција уапсила 12 лица откако 145 луѓе пријавиле дека биле боцнати со шприц за време на годишен уличен музички фестивал.
Милиони луѓе излегоа на улиците низ Франција во саботата вечер за фестивалот „Фет де ла музик“, при што властите кажаа дека во Париз имало досега невиден број посетители. Пред почетокот на забавата имало објави на социјалните мрежи со повик да се напаѓаат и боцкаат жени.
Министерството за внатрешни работи објави дека 145 луѓе низ земјата биле боцнати со игли. Во Париз имало 13 такви пријави. Официјални лица не кажаа дали во шприцовите имало дрога.
„Некои од жртвите завршија во болница заради токсиколошки испитувања“, кажаа од министерството.
Полицијата објави дека се уапсени 12 лица кои се поврзуваат со вакви инциденти. Меѓу нив се четири лица од југозападниот град Ангулем, кои нападнале 50-ина жртви.