НАД  200 МИГРАНТИ СЕ УДАВИЛЕ ВО СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ

    НАД  200 МИГРАНТИ СЕ УДАВИЛЕ ВО СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ

    Над 200 мигранти се стравува дека се удавиле во брод што потона во близина на брегот на Либија, рече шпанска организација за помош. „Проактива отворени раце“ соопшти дека пронајде пет тела што лебделе во близина на два превртени чамца, а секој од нив собира над 100 луѓе.

    Групата рече дека петмината извлечени од морето биле млади луѓе кои се чини дека се удавиле. Портпаролот на крајбрежната стража на Италија, која соработува со спасувања, ја потврди смртта на петмината. Но, тој изјави дека не може да ги потврди оценките на смртни случаи дадени од „Проактива“, и рече дека не добиле повик за помоши од чамците.

    „Проактива“ изјави дека најмалку 240 мигранти може да загинале оти чамците често се преоптоварени од шверцерите.

    “Тоа е суровата реалност на страдањето тука оти е невидливо во Европа”, рече групата. Бројот на мигранти што се обидуваат да стигнат до Европа од Либија преку Италија се зголеми драстично оваа година, бидејќи патот помеѓу Турција и Грција ефективно е затворен.

    Италијанската крајбрежна стража рече дека тие координирале повеќе од 40 спасувачки операции во последните неколку дена.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира