НАД 250 МИЛИОНИ ПЧЕЛИ ИЗБЕГАА ОД ПРЕВРТЕН КАМИОН ВО САД

    НАД 250 МИЛИОНИ ПЧЕЛИ ИЗБЕГАА ОД ПРЕВРТЕН КАМИОН ВО САДКамионот кој превезувал околу 31 тон активни медоносни сандаци со пчели се превртел на пат во близина на канадската граница. (Фото: Полиција на Вотком)

    Се проценува дека 250 милиони пчели вчера избегале од превртен камион во американската сојузна држава Вашингтон, што предизвика предупредувања од властите да се избегнува ројот заради заштита од убоди. На службениците за итни случаи им помогнале неколку пчелари откако камионот, кој превезувал околу 31 тон активни медоносни сандаци со пчели, се превртел на пат во близина на канадската граница.

    Се чини дека возачот не се снашол доволно добро во тесниот свиок, поради што приколката се превртила во канал, a возачот не е повреден, изјави полицијата.

    „Целта е да се спасат што е можно повеќе пчели“, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Вотком веднаш по инцидентот. Властите соопштија дека местото на несреќата ќе остане затворено „до завршување на спасувањето“. „250 милиони пчели сега се разлетани“, напиша шерифот на округот Вотком. „Избегнувајте го подрачјто поради потенцијалот на пчелите да избегаат и да се создаваат рој“.

    Пчеларите работеа со полицијата „за да помогнат во повторното поставување на сандаците“ што пчеларите ги користат за сместување на пчелите.

    „Планот е да им се дозволи на пчелите повторно да се соберат и да ја најдат својата пчела матица. Тоа треба да се случи во следните 24-48 часа“, рекоа властите.

    Во ажурирањето објавено на социјалните мрежи подоцна вчера, полицијата се заблагодари на „прекрасната заедница на пчелари“, велејќи дека „над дваесетина“ се појавиле да помогнат во спасувачките напори. Снимките што ги сподели полицијата покажаа огромен број пчели кои го преплавија превртениот камион.

    Додека некои пчелари имаат за цел само да произведуваат мед, многу други ги изнајмуваат своите кошници на фармери на кои им се потребни инсектите за опрашување на нивните култури. Пчелите се клучни за снабдувањето со храна, опрашувајќи над 100 култури, вклучувајќи јаткасти плодови, зеленчук, бобинки, цитрус и дињи. Пчелите и другите опрашувачи се намалуваат со години, а експертите ги обвинуваат инсектицидите, паразитите, болестите, климатските промени и недостигот од разновидна храна.

    Во 2018, Генералното собрание на ОН го спонзорираше првиот Светски ден на пчелите, 20 Мај за да се сврти вниманието на загрозеноста а пчелите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира