ЕДНА ЖЕНА СЛУЧАЈНО ЗАСТРЕЛАНА И НАД 270 ПОВРЕДЕНИ ОД ПЕТАРДИ И КУРШУМИ ЗА НОВА ГОДИНА ВО ИТАЛИЈА, НАЈМНОГУ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ

    ЕДНА ЖЕНА СЛУЧАЈНО ЗАСТРЕЛАНА И НАД 270 ПОВРЕДЕНИ ОД ПЕТАРДИ И КУРШУМИ ЗА НОВА ГОДИНА ВО ИТАЛИЈА, НАЈМНОГУ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИВластите велат дека никогаш немало олку повредени за Нова година во изминатите десет години (Фото: АНСА)

    Вкупно 274 луѓе биле повредени во Италија за дочекот на Новата година, од кои 12 од огнено оружје, а 262 од огномети. Од повредените, 49 биле хоспитализирани, а 60 се деца.

    Властите велат дека никогаш немало олку повредени за Нова година во изминатите десет години, а во однос на лани, бројката е поголема за 52%.

    Четириесет и петгодишна жена починала откако била застрелана во главата додека ја славела Новата година со роднини во градот Афрагола во областа на Неапол. Полицијата утврдила дека таа била убиена од некој од десетината луѓе кои биле на прославата.

    Во друг случај во Неапол, 50-годишна жена била ранета во стомакот од залутан куршум додека го гледала огнометот од балконот на нејзиниот дом.

    Дваесет и деветгодишен маж од Сан Џулијано близу Милано завршил во болница откако бил повреден од експлозија на шише пенливо вино во кое биле вметнати петарди, додека на двајца мажи им била ампутирана рака по експлозија на петарди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира