НАД 300 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ СО ЈАЧИНА ОД 7.2 СТЕПЕНИ ВО ХАИТИ

    НАД 300 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ СО ЈАЧИНА ОД 7.2 СТЕПЕНИ ВО ХАИТИКатастрофалниот земјотрес речиси срамни со земја некои градови, а предизвика и свлечишта што го отежнува спасувањето. (Фото: АП)

    Силен земјотрес со јачина од 7.2 степени синоќа го разори Хаити, загинаа најмалку 304 луѓе, над 1.800 се повредени, а стотици домови се уништени. Жителите на карипската земја, една од најсиромашните во светот, истрчаа на улиците за да се заштитат од потресот и да помогнат да се извлечат оние кои останаа под урнатините на куќите, хотелите и другите градби.

    Катастрофалниот земјотрес речиси срамни со земја некои градови, а предизвика и свлечишта што го отежнува спасувањето на жртвите во две од најтешко погодените места. Катастрофата само се надоврза на страдањето на Хаиќани, кои се борат со коронавирусот, неодамнешниот атентат врз претседателот и тешката сиромаштија.

    Епицентарот на земјотресот беше околу 125 км западно од главниот град Порто Пренс. Се очекува штетите да се зголемат престојнава недела оти тропската бура Грејс треба да го погоди Хаити доцна утревечер или во вторник изутрина.

    Ова е посилен земјотрес од оној во 2010 кога загинаа над 300.000 жители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира