Володимир Зеленски изјави дека над 40 луѓе загинале во руски ракетен напад врз украинскиот град Полтава. Тој кажа дека градот бил погоден со два балистички проектила.
„Првичните информации кажуваат дека загинале најмалку 41 лице, а 180 се повредени, при што некои биле спасени од урнатините“, кажа Зеленски.
Тој додаде дека во нападот биле погодени територијата на образовна установа и соседна болница.
„Една од зградите на Институтот за комуникации е делумно уништена“, кажа тој.
Се огласи и украинското министерство за одбрана, кое кажа дека Полтава искусила ужасен ден и варварски руски напад.
„Имаше малку време меѓу огласувањето на сирените за тревога и ударот на два балистички проектила. Тие паднаа додека луѓето одеа во засолништа“, објави министерството.
Руски воени канали на Телеграм објавија дека мета на нападот бил тренинг-центар на украинската војска и дека жртвите се воени регрути.