НАД 40 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ОД ПЛИНСКА БОЦА ВО КАФУЛЕ ВО УРОШЕВАЦ, ЧЕТВОРИЦА СЕ ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ

    НАД 40 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ОД ПЛИНСКА БОЦА ВО КАФУЛЕ ВО УРОШЕВАЦ, ЧЕТВОРИЦА СЕ ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТНесреќата најверојатно била предизвикана од плинска боца

    Најмалку 42 луѓе се повредени во денешната експлозија во кафуле во косовскиот град Урошевац, изјави локалниот обвинител Шукри Јашари. Меѓу повредените се и две деца. Несреќата најверојатно била предизвикана од плинска боца.

    Шефот на полицијата на Урошевац Ќазим Река изјави дека 12 лица се префрлени на лекување во Приштина, при што четири од нив се наоѓаат во тешка состојба. Во болницата во Урошевац се згрижени 22 повредени.

    „Четири лица се здобија со сериозни изгореници и се во животна опасност. Се сомневаме дека станува збор за експлозија на плинска боца“, кажа Река.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира