НАД 40 СОЈУЗНИ ДРЖАВИ ВО САД ЈА ТУЖАТ „МЕТА“, ТВРДАТ ДЕКА ИНСТАГРАМ СОЗДАВА МЕНТАЛНИ ПРОБЛЕМИ КАЈ ДЕЦАТА

    НАД 40 СОЈУЗНИ ДРЖАВИ ВО САД ЈА ТУЖАТ „МЕТА“, ТВРДАТ ДЕКА ИНСТАГРАМ СОЗДАВА МЕНТАЛНИ ПРОБЛЕМИ КАЈ ДЕЦАТАТужителите велат „Мета“ постојано ја доведува јавноста во заблуда за опасностите на своите платформи (Фото: Геѕи)

    Десетици американски сојузни држави ги тужат „Мета“ и Инстаграм, обвинувајќи ги дека ја подгреваат кризата на менталното здравје кај младите така што создаваат зависност од своите платформи. Во тужбата поднесена во вторникот, јавните обвинители на 33 држави, меѓу кои и Калифорнија и Њујорк, кажаа дека „Мета“ постојано ја доведува јавноста во заблуда за опасностите на своите платформи и свесно ги навлекува малите деца и тинејџерите на зависност и компулсивно користење на социјалните мрежи.

    Кон тужбата дополнително се приклучија уште осум сојузни држави и главниот град Вашингтон, со што бројот на тужителите порасна на 42.

    „‘Мета‘ искористи моќни и досега невидени технологии за да ги привлече, ангажира и на крајот, да ги зароби младите и тинејџерите. Нејзиниот мотив е профит“, стои во тужбата поднесена во федералниот суд во Оукленд, Калифорнија.

    Помладите корисници можат да ѝ помогнат на „Мета“ да обезбеди повеќе огласувачи, кои се надеваат дека децата ќе продолжат да ги купуваат нивните производи додека растат. Во тужбата се вели дека истражувањата го поврзуваат користењето на социјалните медиуми на „Мета“ од страна на децата со депресија, анксиозност, несоница, попречувања во образованието и во секојдневниот живот и со многу други негативни исходи.

    Мета“ ја опиша тужбата како разочарувачка.

    Мета“ и други слични компании веќе се соочуваат со стотици тужби во САД, поднесени од семејства, млади луѓе и училишни окрузи поради влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје, но ова е најголемата акција досега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира