НАД 42% ЖИТЕЛИ НА АВСТРИСКОТО ГРАТЧЕ ИШГЛ ИМААТ АНТИТЕЛА НА КОРОНАВИРУСОТ, КОЈ ОТТАМУ СЕ ПРОШИРИ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА

    НАД 42% ЖИТЕЛИ НА АВСТРИСКОТО ГРАТЧЕ ИШГЛ ИМААТ АНТИТЕЛА НА КОРОНАВИРУСОТ, КОЈ ОТТАМУ СЕ ПРОШИРИ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПАИлјадници туристи заразени се вратиле дома од одморот во Ишгл (Фото: ЕПА)

    Повеќе од 42% жители на австрискиот зимски центар Ишгл се носители на антитела на коронавирусот, што е најголем процент досега пронајден, покажа истражувањето на Универзитетот во Инсбрук.

    Ишгл стана озлогласен во март откако појавата на коронавирусот во градот помогна тој да се прошири низ цела Европа. Критичарите кажаа дека локалните власти реагирале предоцна, што довело до тоа илјадници туристи заразени да се вратат дома од зимскиот одмор.

    Во периодот меѓу 21 и 27 април, Универзитетот тестирал 1.473 луѓе, речиси 80% од населението на Ишгл, откривајќи дека 42,2% од нив имаат антитела на вирусот во своето тело.

    „Ова е највисоката стапка на поединци со антитела во кој било регион досега откриен“, изјави Дороте фон Лаер, која беше супервизор на истражувањето како шеф на Институтот за вирологија на Универзитетот во Инсбрук.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира